Во рамките на Еразмус програмата за мобилност на наставнички кадар, во изминатиот период во посета на Факултетот за медицински науки на УГД беше проф. д-р Красимира Јанева-Рибагина од Медицинскиот факултет во Софија, Факултет за дентална медицина.
Повеќе...Во сабота, 17 април 2021 година, онлајн, на платформата Microsoft teams ќе се одржат Отворените денови на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип: „Откријте ги можностите за студирање на Факултетот за медицински науки“.
Повеќе...По покана на претседателот на Советот на докторско образование на Европската асоцијација на универзитети (EUA-CDE), проф. д-р Ленче Милошева од Факултетот за медицински науки учествуваше на 2021 EUA-CDE Тематска работилница како предавач, со презентирање на тема „EUA-CDE Заедница за дигитално ментално здравје“.
Повеќе...40 студенти од повисоките години на Факултетот за медицински науки на УГД учествуваат во реализацијата на процесот за масовна имунизација против ковид-19 во Штип. На првиот ден од вакцинацијата во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип на пунктовите се најдоа десетмина од нив, останатите ќе се вклучуваат во наредните смени.
Повеќе...Ве известуваме дека е во тек е конкурс за практикантство во Алкалоид АД Скопје. Вашите апликации можете да ги испратите најдоцна до 4.4.2021. на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
ИНТЕРВЈУ на СОМА со проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки, клинички психолог и РЕБТ & КБТ психотерапевт на тема: Дигитално ментално здравје
Повеќе...