Професорите и студентите од студиската програма Дентална медицина на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ по деветти пат ќе дадат свој придонес за континуираната стоматолошка организација.
По деветти пат се организира Симпозиум со меѓународно учество „Ургентни состојби во денталната медицина“, годинава, како и сите други настани во целиот свет, онлајн. Наместо во редовниот термин напролет, на 10 октомври во салата на Мултимедијалниот центар на УГД се организира деветтото издание на симпозиумот на платформата Microsoft teams.
Ургентните состојби во денталната медицина се оние за кои е потребно брзо и навремено реагирање и терапијата треба да биде спроведена во моментот на појавување на првите симптоми. Од тие причини, секој стоматолог треба да знае како адекватно да се справи со дадената ситуација, велат организаторите на симпозиумот и ги покануваат студентите да ги следат онлајн предавањата кои годинава се во тек со актуелните состојби. Симпозиумот ќе започне во 9.30 часот, а ќе можат да се проследат следниве предавања:
- „БАЗИЧНИ ПРИНЦИПИ ВО МЕНАЏМЕНТОТ НА УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СЕКОЈДНЕВНАТА СТОМАТОЛОШКА ПРАКСА“
Проф. д-р Ана Миновска
Професор /Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
- „ИНФЕКЦИИ НА ГЛАВАТА И ВРАТОТ, НОВИНИ ВО ТЕРАПЕВТСКИОТ ПРИСТАП“
Проф. д-р Драган Красиќ
- „УРГЕНТНИ СОСТОЈБИ ВО СТОМАТОЛОШКАТА ПРАКСА – УПРАВУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА“