Во сабота, 17 април 2021 година, онлајн, на платформата Microsoft teams ќе се одржат Отворените денови на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип: „Откријте ги можностите за студирање на Факултетот за медицински науки“.

      Преку Oтворените денови на Факултетот за медицински науки ќе се запознаете со можностите и придобивките од студирање на некоја од трите академските студии: студии по општа медицина, студии по дентална медицина и студии по фармација, или студирање на некоја од тригодишните стручни студии за: медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, забни техничари-протетичари и физиотерапевти. Исто така, ќе имате можност да се запознаете со лабораториските и инструменталните капацитети за изведба на практичната настава на Факултетот за медицински науки, а ќе има и отворена дискусија со поранешни и сегашни успешни студенти, во која, ќе можете да се вклучете и вие. Несомнено, Oтворените денови на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе ви бидат од исклучителна важност за донесување на сопствени решенија и определби за ваш понатамошен развој како академски граѓани.

     Имајќи ја предвид тековната ситуација со пандемијата предизвикана од SARS-CoV-2, Oтворените денови на нашиот факултет ќе се реализираат виртуелно, а целиот настан ќе се одржи на 17 април (сабота), со почеток од 12 часот, преку апликацијата Microsoft Teams и на него ќе можете да се вклучите преку следниов линк:

https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19%3ameeting_YWZlNDgwNjMtNjgzNC00NTAxLTk5NWMtMmM1ZDcwMTVhOGY4%40thread.v2/0?context=%7b%22Tid%22%3a%2244e77a94-f072-4e8f-821a-fc2dc02cc65d%22%2c%22Oid%22%3a%22b4252b59-56f1-4435-add3-dd5183577567%22%7d

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика