Во рамките на Еразмус програмата за мобилност на наставнички кадар, во изминатиот период во посета на Факултетот за медицински науки на УГД беше проф. д-р Красимира Јанева-Рибагина од Медицинскиот факултет во Софија, Факултет за дентална медицина.
На гостинката ѝ беше презентиран Факултетот за медицински науки, просториите во кои се изведуваат теоретската и практичната настава за студентите на Дентална медицина и Забен техничар - протетичар.
Во рамките на посетата професорката Јанева-Рибагина имаше и предавање од областа на денталната ергономија.
При посетата, исто така, со раководителот и соработничкиот кадар од областа на денталната медицина беше договорена и понатамошна научна и стручна соработка.