Минатиот викенд по шести пат во Штип се одржа трка во планинско трчање „Струмина треил". Патеката е со должина од 18 км, со старт од СОУ „Јане Сандански" до местото познато како Куртбунар.
Од страна на организаторите професионално беа ангажирани две студентки од Факултетот за медицински науки при УГД, VI година - општа медицина, со пункт за прва помош. Најчестите спортски повреди кај тркачите беа нагмечување (контузија) и шинување (дисторзија) на скочниот зглоб. Тимот успешно ги третираше повредените зглобови со имобилизација, со цел да се задржи функционалноста, поставување студени облоги и елевација на екстремитетот за да се намалат отокот и болката, како и мирување по повредата што значи крај на трката за повредените.
За среќа, немаше посериозни повреди од типот на дислокација на зглобот или фрактура на коската.
Галерија