Студентите на Факултетот за медицински науки при УГД денес организираа акција за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.
Воедно на пунктовите кои ги поставија студентите се собираа и средства за малата Симона Хаџи Тошев. Студентите се организирани преку студентската организација Студентски организирана медицинска организација (СОМА).
- Првично пред неколку години оваа акција почна како научноистражувачки проект, а оваа година е и за донација за малата Симона. Две години наназад студентите по медицина прават вакви акции на кои се мерат крвен притисок и шеќер во крвта, а потоа од тие податоци кои ги собираме од граѓаните планираме да направиме студија. Во моментот сме на три локации. Едната е на плоштадот, втората е кај стариот маркет Туш, а третата е кај Трговскиот центар - изјави Дијана Иловска, претседател на СОМА.
Акцијата наиде на огромен интерес од страна на граѓаните. Голем број граѓани мереа крвен притисок и шеќер во крвта. Ова е трета година по ред, а според плановите на студентите ќе се продолжи и во иднина.