Александар Лонгуров и Стефан Коцев се двајцата студенти од Факултетот за медицински науки кои се добитници на меморијалната награда „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“. Тие вчера беа примени од градоначалникот на Штип. Студентите на приемот рекоа дека ова ќе биде голем поттик за нив и за идните генeрации.

- Ваквите признанија нѐ мотивираат и се надевам дека и други ќе го следат ваквиот пример. Tака ќе придонесеме за мотивација и за подобрување, не само на здравството, туку и на сите состојби во нашата држава - рече студентот Александар Лонгуров.

- Јас во оваа награда најмногу ја гледам моралната димензија. Затоа што таа ќе им даде поттик не само на студентите, туку и на останатите чинители во општеството да ја продолжат оваа традиција, да вложуваат, да се солидаризираат со студентите и да ни даваат нова енергија - вели Стефан Коцев.

Градоначалникот на Штип ги повика да останат овде, во државата, и да придонесат за развој на македонскиот здравствен систем и на државата, воопшто.

- Уверен сум и знам дека оваа држава има иднина и надеж со вакви млади луѓе. Побарав од нив да бидат едни од оние доктори што ќе останат овде во државата. Тие ќе бидат носители на здравствениот систем - изјави градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.

Наградата во износ од 1000 евра ја доделува Институтот „ЕМАРИ“, а се доделува по повод достигнувањата на студентите во својата област во рамките на студирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

- Нека меморијалната награда „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ биде морален поттик за идните лекари несебично да го даваат своето најдобро за потребите на човештвото, македонскиот народ и луѓето насекаде - изјави Марија Кукубајска од Институтот „ЕМАРИ“, кој ги доделува овие награди.

Двајцата се студенти во петта година на Факултетот за медицински науки при УГД и до сега биле дел од голем број семинари, обуки и пракса. Тие рекоа дека планираат својата иднина да ја реализираат овде во државата.


Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика