Студентите, асистентите и професорите од насоката Дентална медицина на Факултетот за медицински науки го одржаа вториот Студентски интернационален конгрес „Dental summer school 2019“.

Комплексот „Десарет“ крај Охридското Езеро беше местото каде што од 23 до 26 мај 2019 г., преку теоретски предавања од реномирани предавачи како и преку практични работилници, студентите се здобија со нови знаења, се запознаа со најновите методи и техники, но и учествуваа со свои усни и постер презентации. На свеченото отворање на Конгресот се обрати и деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Рубин Гулабоски, а во работниот дел на Конгресот и Летната школа учествуваа реномирани имиња од областа на стоматологијата и забната протетика, како од ФМН, така и пошироко од државата и од странство.

Посебен белег на второто издание на Летната школа остави учеството на  Благој Давитков, поранешен студент на Факултетот за медицински науки, сега вработен во Германија, кој одржа презентација пред студентите. Благој Давитков е дипломиран студент на насоката Забен техничар-протетичар, а работи во стоматолошка ординација во Германија, каде што му е призната дипломата добиена на УГД. Покрај него, со своја презентација и работилница учествуваше и сопственикот на ординацијата, д-р Клаус Јирген Мол, кој заедно со Давитков на Катедрата за стоматологија и забна протетика на Факултетот за медицински науки при УГД подарија сет од опрема која ќе им биде на располагање на студентите за реализација на практичниот дел од нивните предавања.

Во рамките на Конгресот на студентите по стоматологија беа презентирани и постер и усни презентации од студентите од сите години на студии. Најдобри презентации беа:

- Усна презентација „Предности и недостатоци на современите естетски материјали керамика vs композити“, автор Теодора Сенева, коавтор Тамара Ефтимова, ментор Павле Апостолоски, коментор Љубица Прошева.

- Постер презентација „Застапеност на протетскиот стоматитис кај институционализираните стари лица“, автор Кети Николова, коавтор Цветанка Срцева, ментор ас. д-р Михајло Петровски, коментор д-р Оливера Терзиева-Петровска.

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика