Студентите на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки при УГД успешно го организираат Вториот конгрес, оваа година на тема „Што значи медицината – ако умираме сите“. Претставникот на Организацискиот одбор на Конгресот, студентот Коста Замановски изрази благодарност до УГД за поддршката во организацијата, но и до Клиничката болница „Аџибадем систина“, како и до останатите кои го помогнаа одржувањето на Конгресот.

Задоволни сме што годинава го продолжуваме она што минатата година го започнавме со голем ентузијазам. Конгресот опфаќа презентација на трудови, а имаме 120 активни учесници, од кои 50 се со приказ на случај, а останатите се истражувања. Вкупно се пријавени над 700 учесници, а имаме и пленарни предавања од познати имиња од областа на медицината – изјави Замановски.

Задоволство е да ги поддржиме студентите од ФМН во организацијата на овој Конгрес. Мислам дека е значајно да ги поддржиме овие студенти, бидејќи ФМН е носечки факултет по својата димензија, број на студенти, по значењето и она што студентите го прават е од исклучително значење во поглед на она што е наша иднина и наша здрава популација. Ние ќе ги поддржуваме во сите нивни активности. ФМН е најголем на УГД, со вкупно 23,5 % од сите студенти на Универзитетот, како и со бројот на вработени и професори. Партиципираат над 150 надворешни професори од сите клиники, од јавниот и од приватниот здравствен сектор во Македонија. УГД и досега многу инвестирал во Факултетот за медицински науки и ќе продолжи да инвестира - изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Еден од пленарните предавачи беше и д-р Јовица Угриновски, кој истакна дека ова е еден убав начин на кој студентите уште од студентско време се учат да водат научна работа и да соработуваат со своите професори.

Импресиониран сум од она што штипскиот универзитет за многу кратко време го направи, благодарение на луѓето кои го водат. Импресиониран сум од Факултетот за медицински науки и од високото ниво на медицинска наука што се спроведува тука – изјави Угриновски.

Ова е Втор конгрес на студентите од општа медицина и е на рамниште на светски сениорски конгрес, а не само на студентски. Она што е карактеристично е дека ние секогаш даваме отворена поддршка и целосна слобода во организацијата на вакви настани на студентите. Тие се одговорни, тие имаат потенцијал, тие знаат како. Многу често ние не се фокусираме доволно и верувајте од нив можеме само да учиме. Се надевам дека конгресот ќе продолжи и во наредните години да биде пример за овој универзитет, да ги промовира и факултетот и универзитетот, а од квалитетот на овие настани на некој начин ние можеме да видиме каков е квалитетот и на наставата и на наставниот кадар и каква е политиката на нашиот универзитет – смета деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски.

Работниот дел на Конгресот се одвива во Мултимедијалниот центар на УГД, во деновите 9 и 10 мај (четврток и петок).

Видео

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика