По повод Денот на УГД - 27 март и 12 години Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, во среда (27.3.2019 година) Студентската организација при Факултетот за медицински науки ќе спроведе акција „Здравје за сите“, која опфаќа бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта и добивање на совети за чување и унапредување на здравјето.
Акцијата ќе се спроведе на следниве локации во Штип:
- Плоштад
- Факултет за образовни науки (стар Ректорат)
- Трговски центар
- населба Сењак (Кам маркет)
- Туш маркет
- НАМА - Штип.
Студентите на Факултетот за медицински науки со акцијата ќе започнат во 9 часот.
„Тимовите на млади лекари Ве очекуваат да го проверат Вашето здравје и да споделат корисни совети за здрав живот со Вас”.