Во текот на февруари 2019 година, доцент д-р Викторија Максимова и асистент-докторанд м-р Милкица Јанева од Факултетот за медицински науки при УГД - Штип во едно од најреномираните списанија за електрохемија, „Electroanalysis“, публикуваа теоретски труд каде што даваат релевантни објаснувања за процесите на деактивација на т.н. редокс ензими.

Редокс ензимите се едни од најважните фактори во креирањето на енергија (во форма на аденозинтрифосфат) во сите живи организми. Доцент Викторија Максимова и асистент Милкица Јанева преку теоретски математички модел покажаа дека во зависност од природата на редокс ензимите нивната хемиска „деактивација“ во физиолошки услови може во одредени случаи да доведе до хиперзголемена активност на некои ензими кон нивните супстрати. Притоа, во трудот се предложени и нови методи за определување на кинетиката и термодинамиката на хемиската деактивација на редокс ензимите. Познавањето на овие физички параметри овозможува проценка на активноста на редокс ензимите во голем број ин-витро студии. Предложените теоретски феномени наидоа на голем интерес кај научната јавност, бидејќи теоретскиот модел е релевантен и за студирање на интеракциите на т.н. липофилни лекови. Преку овој труд може точно да се процени дали два липофилни лека реагираат (и во колкав степен) меѓу себе во физиолошки услови, а тоа пак дава податоци дали тие два лека може или не може да се администрираат во исто време.

Трудот на младите наставни работници од УГД - Штип беше прифатен со апсолутно позитивни критики од рецензентите. Изработката на трудот е извршена во симулацискиот центар за биоелектрохемија на Факултетот за медицински науки при УГД - Штип што е комплетно отворен за истражувачка работа за сите заинтересирани студенти од УГД. Достап до трудот има на следниов линк:

https://onlinelibrary.wiley.com/doi/full/10.1002/elan.201900028

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика