Во Белград, во организација на Европската асоцијација за психотерапија се одржа 23. Европски конгрес за психотерапија.
На конгресот како поканет предавач со пленарно предавање од психијатрија и психотерапија, насловено „Рационално-емотивната бихејвиорална терапија и природата и структурата на пострауматското стресно растројство“, учествуваше проф. д-р Ленче Милошева од Факултетот за медицински науки и советник за научна соработка на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Покрај одржаното пленарно предавање на конгресот, проф. д-р Ленче Милошева воспостави нови контакти со колеги од психијатрија и психотерапија, со цел развивање на нови научни соработки со Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.