Организацијата на студенти на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки успешно ја реализираше првата Летна школа на тема „Ургентни состојби во медицината“.

Летната школа се одржа од 6 до 9 август во Крушево, во хотелот „Монтана“, а на студентите-учесници им предаваа реномирани стручњаци од оваа област. На првиот ден од школата за ургентните состојби во медицината предаваа професорите Андреј Петров, доц. д-р Тања Чепрганова, а на вториот доц. д-р Маја Мојсова и доц. д-р Тања Тоиќ.

Целта беше на студентите да им се пренесат некои ургентни состојби и посебно аспектите кои се поретки но значајни за нивно препознавање, дијагностицирање и лекување. Атмосферата беше одлична, имавме добри професори, експерти во своите области, дел од нив веќе ангажирани на ФМН на Универзитетот „Гоце Делчев“, дел во постапка на избор и од академската 2018/2019 година веќе ќе бидат дел од Факултетот за медицински науки. Многу е важно дека оваа Летна школа, исто како и Конгресот на студентите по општа медицина го организираат студентите, а јас само ги менторирам и им помагам – истакна проф. д-р Вело Марковски.

Според доц. д-р Тања Троиќ, ваквиот начин на пренесување на знаења на студентите е одличен, бидејќи овозможува и понепосреден контакт со нив:

Јас подолго време сум во контакт со студентите, тие доаѓаат кај нас во болница, но сега, на оваа Летна школа сум пријатно изненадена од посветеноста на студентите да учествуваат, активно да партиципираат, да бидат постојано присутни на предавањата и да помогнат да бидат интерактивни и со тоа да го олеснат нашиот прв пристап кон нив.

Ова мислење го дели и доц. д-р Маја Мојсова Миовска:

За мене ова е едно единствено искуство, сметам дека оваа Летна школа има една тежина и во однос на она што се учи, а тоа се ургентните состојби, основните принципи на спасување на човекот, и другиот момент – запознавање на студентите и воспоставување на една лесна комуникација помеѓу професорите и студентите и сметам дека само така може да имаме напредок и на најлесен начин да го пренесеме знаењето. Освен овие искуства од летната школа, се договараме и за организирање на студентите да доаѓаат и кај нас во болница во Скопје, да дојдат кога сме дежурни, да можат да видат и некоја друга димензија, реални состојби и примери, да погледнат, но и да поработат нешто, и сметам дека тоа ќе биде многу добро токму за тие студенти кои се веќе во понапредната едукациона фаза, кои се четврта, петта година, кои веќе ги имаат завршено основните предмети – вели д-р Мојсова Миовска.

 Студентите од Организацијата на студенти на Општа медицина изразија задоволство од реализираната школа и најавија организирање на нова школа, можеби веќе на почетокот на наредната година, во периодот помеѓу двата семестри. Инаку, школата беше проследена и со неформален дел, кој вклучуваше и посета на значајните културни и историски делови на Крушево.

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика