Студенти и професори од Факултетот за медицински науки на УГД и годинава ја продолжија традицијата на стручна посета на Државниот Медицински Универзитет во Самара, Русија.
Посетата, која беше реализирана во периодот од 15 до 30 јули е само уште една потврда на успешната реализација и примена на договорот за соработка кој УГД и Државниот Медицински Универзитет од Самара, Русија го потпишаа уште во 2008 година. Во состав на делегацијата на УГД оваа година беа 11 студенти и 4 претставници на наставниот кадар на Факултетот за медицински науки, кои се запознаа со структурата на Клиниките на рускиот универзитет, а присуствуваа и на повеќе интервенции и обуки. Студентите беа сместени во студентски дом, а покрај стручниот дел од посетата, од страна нa домакините беа организирани и посети на историски објекти и знаменитости на Самара.
Вообичаено, Државниот Универзитет од самара возвраќа со посета на свои студенти на УГД, а тие се очекува да бидат во Штип во периодот од 13 до 29 август.