14. Симпозиум за дентална медицина во организација на Факултетот за медицински науки при УГД. На овој Симпозиум се дебатира на тема дентофацијална естетика и функција во современата дентална медицина.

Присутни се преку 300 доктори стоматолози, слушатели, кои имаат можност да слушнат реномирани предавачи од Македонија и од соседна Србија. Тоа се професорите Алекса Марковиќ и Драган Красиќ.

Целта на овој Симпозиум е континуирана стоматолошка едукација на докторите по дентална медицина кои имаат обврска, задолжение, и тоа е правило, за сите, кај нас во државава мора да следат едукативни настани како што е овој. Секој од овие едукативни настани носи одреден број на поени и во текот на една календарска година ние мораме да собереме минимум дваесет поени. Симпозиумот е со меѓународно учество и е акредитиран од Стоматолошка комора, од стручна комисија која е формирана од Министерството за здравство и е акредитиран со осум поени за слушателите, а дванаесет поени за предавачите.

Гостите предавачи, професорите Марковиќ и Красиќ, изразија задоволство од бројот на млади студенти кои дојдоа да ги следат предавањата и се согласија дека едукацијата е многу важна, но и дека сме блиску со Европа и светот во поглед на принципите кои денес ги користиме во имплантологијата.

Според професорот Драган Красиќ, треба да се продолжи во ваков ритам. Исто така, истакна дека технолошкиот напредок има огромна улога и во оваа област, на пример компјутерски моделирани импланти, индивидуални, кои се поединечни за секој пациент. Тоа е она што подоцна ќе можат во својата пракса да го употребат сите млади студенти кои учествуваа и го следеа овој Симпозиум.

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика