И оваа година, студентите и наставничкиот кадар од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип успешно реализираа практична настава во реномираната фармацевтска компанија „Алкалоид“ АД Скопје.

Во рамките на тридневната посета, студентите имаа можност да се запознаат со работата на Институтот за истражување и развој, како и со лабораториите за контрола на квалитет. Преку директна интеракција со експерти од областа, студентите го поврзаа своето теоретско знаење со практичните процеси во современото фармацевтско производство.

Од „Алкалоид“ посочуваат дека соработката со академската заедница е од особено значење, а задоволството од посетата било заемно – особено поради ангажираноста, љубопитноста и желбата за учење што ја покажале студентите на УГД.

Наставниците и менторите од компанијата, со голем професионализам и ентузијазам, ги споделија своите знаења и искуства, со цел да ја инспирираат и поддржат следната генерација фармацевти.

Соработките од ваков тип се важен чекор во подготвувањето на младите кадри за професионалните предизвици во индустријата, а УГД и понатаму ќе продолжи да гради мостови меѓу образованието и практичната работа.

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика