Во изминатите две недели, во лабораториите и кабинетите на Факултетот за медицински науки, студентите од студиската програма Фармација, заедно со своите асистенти и професори, одржаа Работилница за средношколци од образовниот профил фармацевтски техничар од СОУ „Јане Сандански“ – Штип и СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.

На Работилницата средношколците имаа можност да се стекнат со практични знаења од повеќе области на фармацевтските науки. Средношколците се запознаа со процесите на таблетирање и капсулирање, со акцент на процесот на формулација на таблети и капсули.

Потоа, преку спектрофотометриска анализа на UV-Vis спектрофотометар, самостојно определуваа непозната концентрација на активна компонента во раствор. На крај, имаа можност да микроскопираат различни растителни ткива на нативни и готови препарати, како и да разгледуваат различни хербаризирани примероци од растенија со фитотерапевтско дејство.

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип останува посветен на унапредување на знаењата и практичните вештини на своите студенти, но во исто време, отвора и можности за организирање работилници за средношколци, со цел и тие да се стекнат со практични вештини од фармацевтските области, што е од клучно значење за нивното идно кариерно профилирање.

Преку вакви иницијативи, Факултетот за медицински науки продолжува да биде активен фактор во едукацијата и професионалниот развој на идните фармацевти, поддржувајќи ги во нивниот образовен и кариерен пат.

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика