Проф. д-р Ивица Смоковски од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот - Скопје беше специјално поканет предавач на 7. Светски конгрес на EPMA (Европска асоцијација за предиктивна, превентивна и персонализирана медицина - European Association for Predictive, Preventive and Personalized Medicine), што се одржа во Шанту, Кина (onsite) и Перт, Австралија (online), 1-6 септември 2024 година. Темата на неговото предавање беше „Digital Biomarkers: 3PM Approach Revolutionizing Chronic Disease Management – EPMA 2024 Position.

Светскиот конгрес на EPMA 2024 година беше светски форум од областа на предиктивната, превентивната и персонализираната медицина (3PM), со бенефит за здравите луѓе, пациентите, здравствените работници и општествата ширум светот.

Светскиот конгрес на EPMA 2024 година привлече над 5.000 учесници од повеќе од 30 земји, со околу 170 усни презентации, 60 постер презентации и 40 прилози во Работилницата за млади професионалци со врвен квалитет. 

Осум млади професионалци и седум врвни истражувачи добија награди на Светскиот конгрес на EPMA 2024 за нивните презентации со значителен придонес за иновациите, научната извонредност и имплементацијата во областа на 3PM.

За таа цел, два меѓународни жири панели (врвни експерти од вкупно 11 земји) деноноќно работеа во текот на целокупното траење на конгресот. Проф. д-р Смоковски беше и член на жирито за доделување награди за младите професионалци.

Генерално, овој настан покажа огромен успех на 3PM иновациите ширум светот, при што телевизијата во Кина детално известуваше за Конгресот и 3PM иновациите.

Европската асоцијација за предиктивна, превентивна и персонализирана медицина (EPMA, Брисел) е светски водечка професионална мрежа на експерти во предиктивна, превентивна и персонализирана медицина (PPPM / 3PM) со достигнувања што имаат глобално влијание и важност. Асоцијацијата EPMA е создадена и предводена од  проф. д-р Олга Голубнитскаја, претседателка на EPMA и раководителка на првата светска 3PM медицинска единица на Универзитетот за извонредност во Бон, Германија,

Од ноември 2008 година, EPMA има големо влијание и на меѓународните био/медицински истражувања и во секојдневната медицинска пракса, што во последните 15 години позитивно влијаеше на животите на милиони луѓе ширум светот и јасно го покажа огромниот потенцијал на 3PM како медицина на иднината.

Главните глобални достигнувања под лидерство на EPMA во областа на 3PM се:

  • Европската асоцијација за предиктивна, превентивна и персонализирана медицина (EPMA) е моментално претставена во 56 земји (со повеќе од 4 милијарди жители), активно вклучени во развојот и имплементацијата на 3PM ширум светот;
  • Формирање нова генерација специјалисти во 3PM, EPMA создаде специјализиранa секција на млади професионалци во 3PM, скратено EPMA-YPS (Young Professionals Section);
  • EPMA Journal, SpringerNature (CiteScore 12.5) е едно од водечките светски списанија во областа здравствена политика, што им обезбедува на био/медицинските истражувачи, давателите на здравствени услуги и креаторите на политики препораки и упатства за унапредување на квалитетот на здравствената заштита;
  • Серијата книги на EPMA/Springer „Напредокот во предиктивната, превентивната и персонализирана медицина“ се смета за одличен дидактички материјал за формирање на новата генерација специјалисти со мултипрофесионална експертиза во 3P медицина;
  • Уникатната стратегија на EPMA кон обликување на меѓународното био/медицинско истражување во 21 век; сите стратегии за иновациите во 3PM се целосно транспарентни, вообичаено се објавува со „отворен пристап“, информациите се слободно достапни за читателите од кој било социо-економски статус во светот.

Експертизата на EPMA опфаќа неколку сегменти рефлектирани во публикациите на EPMA Journal:

  1. сите медицински области (пр. интерна медицина, неонатологија, педијатрија, офталмологија, кардиологија, неврологија, онкологија, имунологија, микробиологија, вирусологија, радиологија, гинекологија, урологија, пластична хирургија, стоматологија, трансплантација, геронтологија, ендокринологија, дијабетологија, диетологија);
  2. iиновативни дијагностички и аналитички технологии (пр. мултиомика и индивидуализирано профилирање на пациенти);
  3. инженеринг и напредни ИТ системи (пр. вештачка интелигенција во медицината).

Напредни програми за скрининг на населението, персонализирани медицински услуги, како што се индивидуализирано предвидување и прогноза, превенција со поволен однос чинење-ефективност, персонализирани третмани се само дел од примерите за имплементација на активностите.

Поради обемната промоција на уникатните медицински придобивки на 3PM и нејзината научна извонредност, постигнат е експоненцијален раст на научните публикации почнувајќи од 2008 година (година на регистрација на EPMA), што имаше значително влијание врз био/медицинските истражувања во 21 век:

- Промовирање на меѓународни партнерства во иновативните медицински области со бенефит за пациентите и здравствената заштита на регионално и глобално ниво;

- Надзор над практичната реализација на програмите поврзани со 3PM на регионално, национално и меѓународно ниво;

- Глобалните достигнувања на EPMA се во согласност со клучните цели на ООН, како квалитет на здравствената заштита, принципи на еднаквост и меѓународни партнерства.

 

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика