Околу 300 учесници годинава беа присутни на 13. по ред Симпозиум кој е во организација на Факултетот за медицински науки – студиската програма Дентална медицина.

Симпозиумот беше насловен „ИНОВАТИВНИ ТРЕТМАНИ И ТЕХНОЛОГИИ ВО ДЕНТАЛНАТА МЕДИЦИНА: ПРЕДИЗВИЦИ НА ИДНИНАТА", а како и секоја година имаше меѓународен карактер.

Настанот го отвори деканката на Факултетот за медицински науки проф. д-р Милка Здравковска, а предавачи беа проф. д-р Радивоје Радосавлевиќ од Универзитетот во Приштина, проф. д-р Предраг Радовиќ од Универзитетот во Ниш, проф. д-р Тодор Арсов, проф. д-р Јулија Заркова и д-р Павле Апостолски од Факултетот за медицински науки на УГД.

- Би сакал да ги поздравам сите присутни лекари и студенти на овој Симпозиум и да истакнам дека Универзитетот „Гоце Делчев“ поддржувал и во иднина ќе поддржува вакви настани, бидејќи ова е единствениот начин за квалитетен развој на науката, а воедно и одлично искуство за студентите - истакна ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, на отворањето на Симпозиумот.

Настанот се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД, а покрај професори и лекари од целиот регион имаше присутни и голем број студенти.

- Тоа што овој Симпозиум се организира по 13-ти пат е доказ дека се прави вистинската работа. Студиската програма Дентална медицина прави одлична работа со истрајноста и квалитетот на организација на овој настан - истакна деканката проф. д-р Милка Здравковска на отворањето на настанот.

Симпозиумот е акредитиран од стручната Комисија при Стоматолошката комора на Македонија со 8 бода за пасивно и 12 бода за активно учество.

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика