Серијата семинари на научни, но и популарни теми на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип продолжи со Семинарот од областа на невронауките, кој предизвика големо внимание кај студентите. Деканот на ФМН, проф. д-р Рубин Гулабоски, истакна дека  е чест за ФМН што професори од различни области, од електрохемија, од невронауки и од психологија, на крај ќе дојдат до заеднички заклучоци.

Ова е само почеток на серијата семинари, која продолжува во наредната недела со семинар од областа на гинекологијата и хирургијата, на 6 и 7 декември се организира Интернационален симпозиум од областа на алтернативната медицина, така што целиот овој семестар ќе биде покриен со настани кои се интересни и важни и за студентите, но и за пошироката јавност во Македонија.

Предавач од областа на психологијата беше проф. д-р Ленче Милошева, која истакна дека Факултетот за медицински науки е препознатлив по својата научна димензија, како и по стимулирањето и инвестирањето во научни кадри.

- Ние колегите сме многу горди на тоа и сме задоволни за можностите за професионален начин. Областа невронауки е една нова област во Македонија. Ние пред неколку години акредитиравме трет циклус студии  со цел да генерираме научни кадри кои ќе овозможат премостување на еден научен геп, транслационен геп помеѓу клиничките медицински науки, базичните медицински науки, клиничко-психолошките науки, неврологијата, психијатријата, микробиологијата, електрохемијата... Мојата тема се однесува на пасивните суицидални идеи како нивно идентификување  психодијагностика како клинички маркери и третман. Во последните години работам на тематика поврзаност на когницијата и психопатологијата и сметам дека е новина во земјава и дека е важна, пред сѐ, од аспект на превенција, од аспект на психодијагностика, а секако и третман, бидејќи рационално емоционално-бихевиоралната терапија и когнитивно-бихевиоралната терапија се терапии за кои допрва ќе се слушне во Македонија – изјави проф. д-р Ленче Милошева.

Проф. д-р Кнегиња Рихтер по потекло е штипјанка, која работи и во Германија и на УГД во Штип.

Темата на која ќе предавам е „Хронобиологија на љубовните врски“. Тоа е една наука која се занимава со влијанието на законите на природата врз човечкиот ритам. Сите знаеме дека земјата се врти околу Сонцето, но и околу сопствената оска 24 часа. Тоа значи дека аналогно на тоа, деноноќниот ритам на човекот изнесува 24 часа и на некој начин овие биолошки закони имаат влијание врз нашето однесување. Мене ми е голема чест што имам можност да го пренесувам моето искуство од Германија на студентите во Штип, но ќе кажам дека УГД, посебно Факултетот за медицински науки, работи по европски стандарди, има многу висок квалитет и јас се гордеам секогаш кога студентите од УГД ќе дојдат во Германија и можат да го презентираат своето знаење – изјави проф. д-р Кнегиња Рихтер.

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика