Група студенти oд разни области на биомедицински науки и насоката Општа медицина од Државниот универзитет во Охајо, САД, Колеџ за медицина, предводени од нивните професори Dr. Lorraine Wallace и Dr. Steven Mousetes остварија еднодневна посета на Факултетот за медицински науки на УГД.

Гостите од Универзитетот во Охајо најпрвин беа примени од ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, при што беше изразено обострано задоволството од можноста за воспоставување на непосреден контакт меѓу студентите и наставничкиот кадар од двата универзитети.

По посетата на лабораториите на Факултетот за медицински науки, каде што ас. м-р Паулина Апостолова и ас. м-р Мишко Милев ја презентираа неопходноста од постојаната инволвираност на лабораториите во едукативниот процес и дел од истражувачките капацитети, гостите остварија средба со студенти од Факултетот за медицински науки, при што беа информирани за работата и активностите на Факултетското студентско собрание, студентската организација СОМА и можностите што ги нуди Еразмус програмата.

Во делот на презентации и предавања, Dr. Lorraine Wallace и ас. м-р Дино Карпичаров ги презентираа системите на медицинска едукација во САД и во нашата земја, а потоа Dr. Steven Mousetes ги најави студентските презентации на нашите гости Sydney Fuller и Kruthika Sharma. Посетата ја заокружи проф. д-р Татјана Рушковска презентирајќи дел од резултатите од меѓународниот проект MeDiWeB и направи кратка компаративна анализа на навиките во исхраната во нашата земја и останатите земји учеснички во проектот.

Во меѓусебната интеракција и комуникација, студентите, асистентите и професорите од двата универзитети го изразија своето задоволство од реализацијата на оваа посета со надеж за продолжување и продлабочување на меѓусебната комуникација и соработка.

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика