Факултетот за медицински науки при УГД, насока Оптометрија и очна оптика, се вклучи во одбележувањето на Неделата за борба против глауком.

Студентите од оваа насока бесплатно мереа глауком (очен притисок) и диоптрија за сите заинтересирани граѓани. Оваа акција се одвиваше на две локации – во фоајето на Правниот факултет, како и во кабинетот за Оптометрија и очна оптика на Факултетот за медицински науки.

- Глаукомот е сериозна болест, втора причина за слепило, прва е катарактата. Од тој аспект, добро е што ние се вклучуваме во оваа акција за одбележување на Неделата на борба против глаукомот. Всушност, добро би било и повеќе пати да се организира бесплатно мерење за да навреме се откријат и третираат случаите на глауком. На овие мерења обично околу 15 % од случаите се покажува како веќе да имаат глауком, што покажува дека е потребна поголема грижа за граѓаните и почеста контрола изјави проф. д-р Страхил Газепов од Факултетот за медицински науки.

Ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, истакна дека вклученоста на студентите во овој настан покажува дека УГД се вклучува и во едукативниот, како и во практичниот дел од образовниот процес за студентите, а уште позначајно е што се вклучени и специјализанти, доктори кои излегле од УГД.

Поддршка за настанот дојде и од доц. д-р Ирина Богданова од Клиниката за очни болести – Скопје, која истакна дека Неделата на глауком се одбележуваше во повеќе градови, а во Штип е практично завршницата на активностите.

- Сѐ повеќе се зголемува бројот на заболени од глауком и затоа алармираме на појавата на оваа болест, границата е поместена, ако порано се појавуваше кај граѓани од 50-60 години, сега се појавува и кај 40–50-годишницитеизјави Богданова.

 

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика