Веќе неколку години по ред најголемата фармацевтска компанија во нашата држава „Алкалоид“ АД е домаќин на студентите од Одделот за фармација при Факултетот за медицински науки.
На 29 февруари, студентите од петта година на студиската програма Фармација на Факултетот за медицински науки ги посетија капацитетите на фармацевтскиот гигант и имаа можност да се запознаат со Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД и можностите за пракса во оваа компанија.
Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип континуирано соработува со фармацевтските компании во државата, со цел дефинирање на професионалната ориентација на идните фармацевти, но и обезбедување професионални квалификации на студентите од сите циклуси на студии на оваа студиска програма.