Претставници од „Алкалоид“ АД вчера врачија Благодарница за плодната соработка на Факултетот за медицински науки. Соработката на ФМН е преку студиската програма Фармација. Студентите од оваа студиска програма имаат практична настава во компанијата „Алкалоид“.
Благодарницата од „Алкалоид“ ја врачија Тане Мургоски и Ана Атанасова, а ја прими деканката на ФМН, проф. д-р Милка Здравковска.
Студиската програма Фармација, во рамките на ФМН, има долгогодишна соработка со многу компании меѓу кои и „Алкалоид“ - Скопје, најчесто преку Програмата за практикантство која функционира во двете институции.
Програмата за практикантство им овозможи вработување на дипломирани студенти од студиската програма Фармација во рамките на ФМН, а плановите се соработката да се прошири и во други насоки.