Семинар на тема „Менталното здравје и благосостојбата на младите како цел на одржлив развој: Придонес на когнитивно-бихејвиоралната терапија (КБТ) и невронауките“ ќе се одржи во петок, 20 октомври 2023 г. Семинарот ќе се одржи во свечената сала на Кампус 2 на УГД, со почеток во 10 часот.
Семинарот го организираат проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултет за медицински науки и член на Македонската американска алумни асоцијација, во соработка со СОМА, МААА и Факултетското студентско собрание.
Настанот е наменет за студенти, специјализанти и докторанди на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како активност од добиениот грант на проф. д-р Ленче Милошева, член на МААА: „The Youth Mental Health Project: Understanding & Supporting Youth Mental Health through the lens of CBT (Cognitive-behavioral therapy) and Neuroscience)“, поддржан од Aмериканската амбасада во Скопје и во рамки на поголем проект на МААА насловен „Alumni encouraging community services and extracurricular activities“.
Цел на настанот е поттикнување на волонтерски научни и апликативни активности на студентите, докторандите и специјализантите и подигнување на свесноста за менталното здравје и борба против стигмата.
Настанот е сертифициран.
Пријавување на следниот линк : https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc5Imw-LGV3vANDVczMsFLzW75BAymctC_cvrd421Bt2bpaGg/viewform?usp=sf_link