Факултетот за медицински науки на УГД, насока Фармација, во пресрет на денешниот Светски ден на фармацевтите, одржа прв Симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата. Симпозиумот се одржа во сабота, на 23 септември 2023 г., во просториите на Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

На отворањето се обрати ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, а Симпозиумот го отвори деканката на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Милка Здравковска. На отворањето на Симпозиумот присуствуваа повеќе претставници на фармацевтската фела, како претседателката на Фармацевтската комора на РС Македонија, спец. Весна Ставрова, заменик-директорот на МАЛМЕД, м-р Роберт Бекировски, директорката на сектор Фармација при ФЗО, м-р Кристина Христовска, претставници и учесници од Фармацевтски факултет во Скопје и студиската програма Фармација при Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Тетово.

        Проф. д-р Катарина Смилков, раководител на студиската програма Фармација, која е организатор на овој Симпозиум, истакна дека Симпозиумот на тема „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“ се организира во пресрет на Светскиот ден на фармацевтите, 25 септември, а истиот има за цел да го зголеми диверзитетот во делот на континуираната едукација на фармацевтите во нашата држава.

       Позитивната атмосфера и коментарите од учесниците, плодните дискусии и предавањата кои предизвикаа голем интерес, размената на идеи со можности за нови идни соработки, се причина повеќе во иднина одржувањето на овој Симпозиум да добие традиционален карактер.

                                                                    

 

 

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: biljana.gerasimova@ugd.edu.mk
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: liljana.mirakovska@ugd.edu.mk 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: anka.jordanova@ugd.edu.mk 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: meri.maneva@ugd.edu.mk 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: stojance.stojanov@ugd.edu.mk 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: vaska.zdravkova@ugd.edu.mk 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика