Студентите на студиската програма Фармација на Факултетот за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, во периодот од 1 до 3 јуни престојуваа на тридневна теренска настава по предметот Фармацевтска ботаника и Фармакогнозија. Предводени од проф. д-р Викторија Максимова, студентите престојуваа во Нежилово, Општина Чашка, Велешко, и во текот на овие три дена активно наоѓаа, собираа и идентификуваа поголем број лековити растенија кои ќе бидат вклучени во нивните хербариуми.
Наставата во природа овозможи студентите да ги прошират и утврдат своите знаења, но и да поминат незаборавни моменти, да се дружат и забавуваат.