Проф. д-р Даниела Љубенова е декан на Факултетот за општествено здравје, здравствени грижи и туризам при Национална спортска академија „Васил Левски”, како и дописен член на Бугарска академија на науките и уметностите – Софија, Р. Бугарија. Нејзиното 30-годишно искуство е збогатено со учества на многубројни национални и меѓународни конференции и конгреси во соодветната наставно-научна област, научен раководител е на 6 успешно одбранети докторати, автор во 6 учебници, 4 монографии и над 90 научни публикации во реномирани списанија. Учесник е во 12 национални и европски проекти.

Во последните години се зборува многу и се разработуваат најразлични видеоигри за рехабилитација, под различна форма. На пример конзолни платформи кои се користат, но тие имаа свои недостатоци, затоа што не можат да се адаптираат кон индивидуалните можности на пациентите во неврорехабилитацијата; исто се применуваат голема група видеоигри со сензорна ракавица – сензор кој ги лови движењата, но тие исто имаат недостаток, затоа што имаа многу кабли, хардвер за виртуелна реалност што не може да најде примена во домашни услови.
Од оваа причина ние решивме во таа насока да разработиме видеоигри кои се со 3D камера и на тој начин се обезбедува слободно движење. Се работи за подобрување на моторните и координациони можности на горен екстремитет, рамнотежните можности преку движења на долниот екстремитет, затоа што при флексија и екстензија на долниот екстремитет се променуваат многубројни биомеханички фактори: линија на гравитација, потпорна површина, центар на тежина и соодветно се зголемува опсегот на движења на долните екстремитети, посебно на глуждот. Тоа многу добро ги превенира честите паѓања кај возрасните и стари лица со овие нарушувања. Другата придобивка на видеоигрите е тоа што се забавни. Додека играат, тоа се комбинира со совладување на нови вештини, искуство и знаења, што е корисно и пријатно за пациентите со невролошки заболувања, како и за здравите во порана и подоцна возраст“- вели проф. Љубенова.
Според неа, истражувањата се направени кај возрасни лица и добиените резултати се многу добри во однос на превенцијата на честите паѓања.
Во однос на новите технологии на глобално ниво и во физиотерапијата наоѓаат примена, со тоа што за сите испитаници се забавни и пријатни за исполнување и суштинско е тоа што може да се исполнуваат и во домашни услови, затоа што многу лесно може да се запише видеоиграта на секој компјутер со Windows.


 „Во неврорехабилитацијата тоа е исклучително важно, затоа што основните принципи се секојдневно исполнување и продолжително време на моторната активност за да може да се формираат определени моторни навики. Докажано е дека 28 дена секојдневно треба да се практикува дадено движење за да може мозокот да го запамети и тоа да се преврне во трајна моторна навика. Друго, корисно е тоа што сите движења се целенасочени, затоа што е докажано дека човекот ништо не прави без дадена цел – дури при прошетката во паркот тој знае до каде ќе стигне и кога ќе се врати. Многу потрајно се закодирани овие целенасочени движења и на тој начин со помош на видеоигрите се користат овие целенасочени движења. Од друга страна, таа цел е важна затоа што ја подобрува координацијата на движењата, а тоа е синронизацијата помеѓу агонистите и антагонистите, што може да се постигне точно со овие видеоигри. И освен тоа и рамнотежните можности.
Друго, кое е многу корисно е тоа што за време на ова истражување сме се сообразиле со правилниот дизајн на видеоигрите за рехабилитација, т.е. од една страна тие се смислени, има повратна врска помеѓу елементот на играта и играчот – тој треба да знае кога прави позитивен, а кога не толку добар потег при движењето. Од друга страна, тие се и предизвикувачки – имаат ниво на зголемена тежина, за тие кои имаат помали можности – се полесни и за оние кои се со подобри можности, како кај студентите – се исполнуваат со најголема тежина, за да може тоа ниво на предизвик да се одржува крајно интересно.
Тие се адаптирани да се исполнуваат, како во домашни услови, така и во многубројни центри како дел од рехабилитацијата”.

                                                                          

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика