Одделот за фармација на Факултетот за медицински науки континуирано соработува со фармацевтските компании во насока на обезбедување на професионална пракса и професионална ориентација на студентите од сите циклуси на студии на оваа студиска програма.
Студентите од петта година интегрирани студии на Фармација на Факултетот за медицински науки ја посетија најголемата фармацевтска компанија во нашата земја – „Алкалоид“ АД. Во рамки на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со сите сегменти на индустриско производство на лекови, почнувајќи од развојот на нови лекови, развојот на аналитички методи, производството на лекови, контролата на квалитет на истите, но и обезбедувањето на квалитет во фармацевтската индустрија.
На студентите им беше презентирана и Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД, заедно со можностите за нивно вклучување во истата.