Реномираниот Универзитет „Стенфорд“ неодамна ја објави најновата листа на најдобри научници на сите времиња, како и листа за најцитирани научници од целиот свет.

September 2022 data-update for "Updated science-wide author databases of standardized citation indicators" - Elsevier BV (digitalcommonsdata.com)

На листата 2% највлијателни научници на сите времиња и оваа година нема измени во поглед на научниците од Македонија што се наоѓаат на оваа листа. Тука се четворица активни академици од МАНУ и тоа: проф. Љупчо Коцарев, проф. Леонид Грчев, проф. Ратко Јанев и проф. Валентин Мирчески.

Единствен активен професор од Македонија што не е академик, а се наоѓа на листата на „Стенфорд“ во 2% највлијателни научници на сите времиња е професорот Рубин Гулабоски од Факултетот за медицински науки при УГД - Штип.

  • Заеднички именител за сите македонски научници рангирани на листите на „Стенфорд“ е тоа што работат во услови во коишто од државата се издвојуваат никакви средства за научноистражувачка работа. Освен професорите од МАНУ, ниту еден друг македонски научник не е вклучен во проекти што се финансирани од домашни извори. Наука и тоа квалитетна, во Македонија може да се работи и без никаква поддршка - вели проф. д-р Рубин Гулабоски од УГД.

На оваа листа се и професор Иван Грозданов (Хемија, ПМФ, УКИМ - Скопје) и професор Трајче Стафилов (Хемија, ПМФ, УКИМ - Скопје), кои се пензионирани професори од пред неколку години.

Обработени се научници што публикувале од 1788 година до сега од сите научни области. Рангирани се околу 200.000 од вкупно обработени 10 милиони научници од цел свет што имаат т.н. H-factor поголем од 15. Рангирањето е направено според обработени податоци за квалитет на научни трудови во поглед на вкупна цитираност на дадените трудови на авторот од други автори, местото на авторот во даден труд (прв, втор или одговорен автор), факторот на влијание на списанието во кое е публикуван трудот, факторот на влијание на списанието во кое се цитирани трудови на даден автор и други параметри.

На листата на „Стенфорд“ за топ 2% најцитирани научници за 2021 година Македонија има голем успех, затоа што Кимет Јусуфи, теоретски физичар од Државниот универзитет во Тетово е во првите 20.000 најдобри научници во светот. Станува збор за научник кој има само 35 години.

Покрај Кимет Јусуфи, на листата за најцитирани македонски автори за календарската 2021 година се и проф. Веланд Рамадани од Универзитет на Југоисточна Европа,  проф. Биљана Бауер од Фармацевтски факултет - Скопје, проф. Роберт Христовски од Факултетот за спорт, здравствено и физичко образование и проф. Биљана Стојкоска и проф. Марјан Гушев од ФИНКИ.

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика