Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, на 3 ноември 2017 година, организира обука за „Оралнохируршки процедури во менаџментот на флап-дизајн: резенки, инструменти и техники на шиење – основно ниво“, акредитирана од Стоматолошката комора.
Со пријавување и завршување на оваа еднодневна обука учесниците ќе стекнат практични знаења од полето на денталната медицина, кои ќе бидат во функција на зголемување на нивните знаења, вештини и компетенции од областа на оралната хирургија.
Секој учесник по завршувањето на обуката ќе се здобие со сертификат за завршена обука со 10 бода.
Предавач ќе биде проф. д-р Цена Димова, професор на Факултетот за медицински науки при УГД. За реализирање на обуката треба да се пријават до осум кандидати.
Место на одржување: Факултет за медицински науки, УГД - Штип
Цена: за еден учесник котизацијата изнесува 6.000 денари, плус ДДВ
Контакт: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
мобилен: 070/338-392