Се известуваат сите студенти на прв, втор и трет циклус на Факултет за медицински науки дека изборите за членови на Факултетско студентско собрание на Факултет за медицински науки ќе се одржат на 1 април 2026 година (среда) по електронски пат, со тоа што сите студенти на денот на гласањето на нивните студентски e-mail адреси ќе добијат линкови за гласање.
Сите заинтересирани студенти кои сакаат да се пријават за членови на Факултетско студентско собрание треба да достават електронска пријава која треба да е потпишана и скенирана, со назнака дека се пријавуваат за член на Факултетско студентско собрание на следнивe адреси:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
или по пошта на адреса: Деканат на Факултет за медицински науки, Клиничка болница - Штип, ул. „Љубен Иванов“ бр. 25, 2000 Штип.
Пријавувањето е во рок од 10 (десет) дена, почнувајќи од 3 март 2026 година, заклучно со 12 март 2026 година.