По повод одбележување на Неделата за борба против глауком е организиран настан Мерење на рефракција и тонометрија за вработените и студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип.
На 13 март 2025 година (четврток) за студентите на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип мерење на рефракција и тонометрија ќе се одржи во Кабинетот за оптометрија на Факултет за медицински науки.
На 14 март 2025 година (петок) за вработените на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип мерење на рефракција и тонометрија ќе се одржи во холот на Ректорат.