На 4.11.2024 година (понеделник), со почеток од 13 часот, во предавална на Кампус 2 ќе се одржи јавна одбрана на специјалистичкиот труд со наслов „Пациенти со длабока венска тромбоза, рана превенција, дијагноза и третман во Кичевски регион во период од 2021 година“ на кандидатката Егзона Дикеноска.
На 28.10.2024 година (понеделник), со почеток во 12 часот, во предавална 3 во Деканат на ФМН ќе се одржи јавна одбрана на специјалистичкиот труд со наслов „Улогата на медицинската сестра во превенција и третман на пациенти со Кронова болест (MorbusCrohn)“ на кандидатката Јованка Величковска.
На 4.11.2024 година (понеделник), со почеток од 12 часот, во предавална на Кампус 2, ќе се одржи јавна одбрана на специјалистичкиот труд под наслов „Современи технологии во грижата на дијабетесот“ на кандидатот Наиље Тахири.
На 30.10.2024 година (среда), во 12 часот, во предавална на Кампус 2 ќе се одржи јавна одбрана на специјалистичкиот труд под наслов „Минимално инвазивни хируршки интервенции во урологијата, видови и специфичности на инструментариумот и технолошка опрема за изведување на истите“ на кандидатката Дијана Бојоска.