На 14.9.2023 година (четврток), со почеток од 9 часот, ќе се одржи јавна одбрана на специјалистичкиот труд со наслов „Нега и третман на компликации кај деца со Osteosarcom во РС Македонија лекувани на ЈЗ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје во периодот 2009/2019“ на кандидатката Славица Матевска – студент на специјалистички студии (стручни) на Факултет за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Јавната одбрана ќе се одржи во предавална бр.3 на Факултет за медицински науки.