На ден 5.6.2023 година (понеделник), со почеток во 8 часот, ќе се одржи јавна одбрана на специјалистичкиот труд со наслов „Улогата на медицинската сестра при нега, третман и едукација при работа со предвремено родени деца на одделение за интензивна нега и терапија“ на кандидатката Александра Јосевска – студент на специјалистички студии (стручни) на Факултет за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
Јавната одбрана ќе се одржи во предавална бр.3 на Факултет за медицински науки.