Професор д-р Васо Талески од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип е еден од четирите добитници на највисокото професионално признание што го доделува Македонското лекарско друштво, Повелбата „Д-р Трифун Пановски“.
Повеќе...Во текот на февруари 2019 година, доцент д-р Викторија Максимова и асистент-докторанд м-р Милкица Јанева од Факултетот за медицински науки при УГД - Штип во едно од најреномираните списанија за електрохемија, „Electroanalysis“, публикуваа теоретски труд каде што даваат релевантни објаснувања за процесите на деактивација на т.н. редокс ензими.
Повеќе...Научен труд на проф. д-р Рубин Гулабоски, декан на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, е објавен во едно од најреномираните научни списанија од областа на електрохемијата Electroanalysis.
Повеќе...По повод Денот на УГД - 27 март и 12 години Универзитет „Гоце Делчев” – Штип, во среда (27.3.2019 година) Студентската организација при Факултетот за медицински науки ќе спроведе акција „Здравје за сите“, која опфаќа бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта и добивање на совети за чување и унапредување на здравјето.
Повеќе...Факултетот за медицински науки и Здружението на дерматовенеролози на Македонија организираат Научен симпозиум на тема „Dermatology 2020“, кој ќе се одржи на 16.3.2019 г. во Мултимедијалниот центар во Штип.
Повеќе...Бесплатните оптометриски тестови ќе се реализираат секоја среда од 9 до 12 чaсот, во лабораторијата за оптика и офталмологија на Факултетот за медицински науки (се наоѓа во новиот дел на приземјето во текстилното училиште).
Повеќе...