По покана на д-р Томас Каспари, директор на докторските студии за медицински науки (PhD) на Приватниот медицински универзитет „Парацелзиус“, Салзбург, Австрија, проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки, одржа научно предавање на овој универзитет на тема „Менталното здравје во период на ковид-19 пандемијата“.
Повеќе...И во 2021 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како и професорот Рубин Гулабоски од Факултетот за медицински науки, се рангирани во највлијателните 2% научници на светско ниво од сите научни области на сите времиња. Во октомври годинава е објавена најшироката студија за рангирање на топ 2% најдобри светски научници и универзитети од сите области, од авторите Jeroen Baas, Kevin Boyack, и John P.A. Ioannidis од Stanford University USA.
Повеќе...Во рамките на Еразмус програмата за мобилност на наставнички кадар, во изминатиот период во посета на Факултетот за медицински науки на УГД беше проф. д-р Красимира Јанева-Рибагина од Медицинскиот факултет во Софија, Факултет за дентална медицина.
Повеќе...Од 13 до 15 септември 2021 год. се одржа Годишната конференција на Советот на докторско образование - Европска aсоцијација на универзитети. Проф. д-р Ленче Милошева, редовен професор на Факултетот за медицински науки, активно учествуваше на конференцијата претставувајќи го Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Повеќе...40 студенти од повисоките години на Факултетот за медицински науки на УГД учествуваат во реализацијата на процесот за масовна имунизација против ковид-19 во Штип. На првиот ден од вакцинацијата во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип на пунктовите се најдоа десетмина од нив, останатите ќе се вклучуваат во наредните смени.
Повеќе...