Александар Лонгуров и Стефан Коцев се двајцата студенти од Факултетот за медицински науки кои се добитници на меморијалната награда „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“.  

Наградата,  во износ од 1000 евра, ја доделува ЕМАРИ Институтот, а се доделува по повод достигнувањата на студентите во својата област во рамките на студирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Двајцата се студенти во петта година на УГД. Воедно ЕМАРИ институтот донира и играчки, електронски учебници и книги за децата на Педијатрија во Клинички центар - Штип.

Овие хуманитарни активности се во чест на 40 години од раѓањето на американско-македонската писателка која прерано почина од лупус нефритис, Емилија Кукубајска (16 август 1979 - 9 септември 2006). Таа извесен период ги користеше услугите на Центарот за дијализа во здравствениот систем на градот Штип, кога престојуваше од САД кај својата фамилија Кукубајски во Штип. 

Наградените имаат достигнувања во многу области како студенти на Факултетот за медицински науки при УГД. Наградите ќе бидат доделени на првиот академски час на УГД.

Александар Лонгуров

Академски и организаторски постигнувања

  • Прв претседател на Прв конгрес на студенти по општа медицина (мај 2018 г.).
  • Основач на Студентска организација на студенти по општа медицина при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип (април 2018 г.).
  • Организатор и учесник на Прв и Втор конгрес на студенти по

општа медицина (мај 2018 г./мај 2019 г.).

  • Организатор и учесник на научен симпозиум „Dermatology 2020” (март 2018 г.).
  • Освоена прва награда на Конгрес на студенти 2019 „Што значи медицината ако умираме сите” на тема „Интраартикуларна апликација на плазма богата со тромбоцити (ПРП) за третман на болка во коленото кај повреди на зглобната рскавица и дегенеративни промени на менискусот” и публикација на трудот во “Open Access Macedonian Jоurnal of Medical Sciences” (мај 2019 г.).
  • Организатор на акцијата „Здравје за сите” – мерење на крвен притисок и шеќер во крвта на повеќе од 1000 граѓани во Општина Штип (мај 2018 г.).
  • Обавил клиничко истражување во областа на хирургијата во кардиохируршката болница „Жан Митрев“, на тема „Интраартикуларна апликација на плазма богата со тромбоцити за третман на болка кај пациенти со повреди на зглобната‘рскавица и дегенеративни промени на менискусот”.
  • Има волонтирано во Клиничка болница „Аџибадем Систина“ во Скопје во која се стекнува со практично знаење на Одделението на тораковаскуларна хирургија.
  • Има асистирано на повеќе од 10 хируршки интервенции во областа на тораковаскуларната и абдоминалната хирургија во Клиничка болница - Штип.
  • Постигнат просек 9,00 од вкупниот број на реализирани испити.

Стефан Коцев

Академски и организаторски постигнувања

  • Еден од основачите на Студентската организација на студенти по општа медицина, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за медицнски науки (април 2018 г.).
  • Прв генерален секретар во Студентската организација на студенти по општа медицина.
  • Прв конгрес на студенти по општа медицина, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за медицнски науки (септември 2018 г.).
  • Орална презентација на тема „Дијабетес мелитус во Штипскиот регион“, Коцев, Шуманов ,во рамките на Првиот конгрес на студенти по општа медицина, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за медицнски науки. Податоци користени од Центарот за јавно здравје во Штип, за периодот 2012 – 2016 година, за да се утврди бројот на дијабетичари во Штип (септември 2018 г.).
  • Главен организатор на акцијата „Здравје за сите“ во Штип, која опфати бесплатно мерење на крвен притисок и гликоза во крвта на граѓаните на Штип (2018 г.).
  • Избран за демонстратор на Факултетот за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на интерен конкурс, за предметите Физиологија 1 и Физиологија 2, Медицинска психологија (октомври 2018 г.).
  • Дел од тимот кој успешно реализира летна пракса во Самара, Русија – Медицински универзитет (јули 2019).
  • Учесник на научниот симпозиум „Dermatology 2020" (март 2019 г.)
  • Учесник на конференцијата „Early occurrence of colorectal cancer – what directions we take” (април 2019 г.).
  • Единствен студент со максимални 100 поени во државата, на првиот државен испит на студенти по општа медицина на крајот од втора и почетокот на трета студиска година, спроведен од Министерството за здравство (август 2016 г.)
  • Постигнат просек 9,82 од вкупниот број на реализирани испити.

Технички секретар

Билјана Герасимова
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика