Факултетот за Медицински науки - Дентална медицина при Универзитетот ‘‘Гоце Делчев‘‘ –Штип е организатор на првата летна школа за студентите по дентална медицина и стручни забни техничари – протетичари, под наслов DENTAL SUMMER SCHOOL 2018.

Овој настан ќе се одржи на брегот на Охридското езеро, во хотелот Десарет во периодот од 13-16 септември 2018 година. Поканети за учество во летната школа ќе бидат сите факултети по дентална медицина и стручни забни техничари од сите Универзитети во Република Македонија.

Внимателниот избор на работилници, како теоретски основи и практични вештини со кои студентите ќе навлезат во современата стоматологија го прави овој едукативен настан уште позначаен. Планирани се работни часови во кои, присутните студенти ќе имаат прилика да бидат запознаени со многу нови техники на работа во денталната медицина и протетиката, а воедно, ќе имаат прилика и да ги усовршат и применат веќе стекнатите знаења.

Исто така, дел од времето ќе биде посветено и на добрата забава и меѓусебно дружење, како и запознавање со природните убавини на преубавиот Охрид.

Работилниците на кои студентите ќе имаат прилика да присуствуваат се следните:

  • Basic Concept of DSD Digital SmileDesign
  • Basic Implantology-Theoretical and Practical Concept
  • Gutta-Percha Root Sealing Techniques
  • Needles, Suture Materials and Knots Used in Oral Surgery Procedures
  • Tooth Color and Shade Matching in Dentistry

 

 

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика