Годишната конференција на Советот на докторското образование на Европската асоцијација на универзитети, 2023 EUA-CDE Annual Meeting, се одржа од 14.6. до 16.6.2023 на LUT Универзитетот во Лахти, Финска. Настанот беше во организација на Универзитетот од Хелсинки и Универзитетот LUT во Лахти, со главен фокус на различните димензии на комуникацијата во докторското образование и развивање на современ пристап за вклучување на комуникацијата во стратегијата и праксата на докторското образование и науката.
Read more ...На 7.6.2023 г. во просториите на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, под менторство на проф. д-р Татјана Рушковска се одржа семинар на тема „Молекуларни аспекти на исхраната“.
Read more ...Во среда, 7.6.2023 година, во свечената сала на Правен факултет, со почеток во 9:30 часот, под менторство на проф. д-р Татјана Рушковска, редовен професор на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, ќе се одржи семинар на тема „Молекуларни аспекти на исхраната“.
Read more ...Насоката на вмрежување и споделување на искуства во Европската асоцијација на универзитети, креирање и имплементирање на европски образовни политики на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, продолжува понатаму со поддршка на ректорот, проф. д-р Дејан Мираковски.
Read more ...Студентите на студиската програма Фармација на Факултетот за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, во периодот од 1 до 3 јуни престојуваа на тридневна теренска настава по предметот Фармацевтска ботаника и Фармакогнозија. Предводени од проф. д-р Викторија Максимова, студентите престојуваа во Нежилово, Општина Чашка, Велешко, и во текот на овие три дена активно наоѓаа, собираа и идентификуваа поголем број лековити растенија кои ќе бидат вклучени во нивните хербариуми.
Read more ...Вебинар на тема „Мајндфулнес интегриран во КБТ/РЕБТ тераписки третман на анксиозност кај млади“ ќе се одржи на 19 мај, во знак на одбележување на „Мај – месецот на менталното здравје“ и подигнување на свесноста за менталното здравје и за борбата против стигмата.
Read more ...