На 13 и 14 мај (понеделник и вторник) ќе се одржи Студентска крводарителска акција во просториите на Кампус 2 – бифе, со почеток од 9 до 14 часот.

Ги покануваме сите студенти, професори, асистенти да ја поддржат оваа благородна мисија и да даруваат крв.

Еве неколку причини зошто да дарувате крв.

Крвта е лек за којшто нема соодветна замена. Секому од нас некогаш во животот може да ни биде потребна терапија со крв и крвни компоненти.

Информации за чинот на дарување.

  • Дали треба да бидам сит пред дарувањето?

- Пред дарувањето пожелно е да јадете лесен оброк (кифла, ѓеврек…).

  • Во што се состои прегледот пред дарувањето?

- Пополнувате прашалник за дарител на крв во кој прашањата се однесуваат за вашето здравје, прележани болести и животни навики. Со боцкање од прст се зема капка крв и се проверува нивото на хемоглобинот во крвта. Потоа следи разговор со лекарот кој ќе ви мери крвен притисок и ја слуша работата на срцето.

  • Дали се тестира крвта?

- Да. Крвта се испитува за присуство на заразни заболувања преносливи со крв – жолтица Б и Ц, сифилис, сида. Секоја единица на крв која била позитивна на кој било од овие тестови безбедно се уништува. Освен ова се одредува крвна група, Rh фактор и антитела кај секоја единица крв.

  • Колку долго трае дарувањето крв?

- Дарувањето трае околу 5 – 10 минути.

Редовното дарување крв е поврзано со намален ризик од кардиоваскуларни болести, како што се срцеви напади и мозочни удари, со подобрување на протокот на крв и намалување на нивоа на железо во организмот.

Пред и по дарување зголемете го внесувањето на течности, пред сѐ вода и безалкохолни пијалаци.

„Дарувајте крв ако сакате да играте значајна улога во општеството.“

„Човек кој спасува еден живот го спасува целото човештво.

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu