Преку 500 студенти беа гости, излагачи и учесници на 3. Студентски конгрес што го организираат студентите по медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Конгресот се одржува денес и утре во Мултимедијалниот центар на УГД, а професорите, лекарите и дел од учесниците во Конгресот изјавија дека станува збор за навистина одлично организиран настан на кој студентите можат многу да научат. Ректорот на УГД, проф. д-р Дејан Мираковски, истакна дека ваквите настани добиваат голема поддршка од Универзитетот, а во иднина ќе се обидат да ги поддржат уште повеќе.

- Со гордост можам да кажам дека студентите со свои напори овој настан го организирале на едно високо ниво. На овој настан ќе можат да се слушнат најнови истражувања во областа и да научат едни од други. Овие студенти ќе го продолжат патот кон поздрава и посреќна иднина за сите нас. Ме радува фактот што покажуваат интерес да работат со наука и тоа наука која ќе придонесе за подобар живот за сите. Овие настани треба да бидат уште повеќе поддржани, а тие ќе нѐ направат горди сите нас - изјави проф. д-р Дејан Мираковски.

На Факултетот за медицински науки студираат околу 3000 студенти на сите студиски програми. Дел од овие студенти се и странски, а има и од западноевропските држави.

- Добивме голема поддршка од целото раководство, од ректорот, од деканката на факултетот, а најмногу од студентите кои напорно работеа за да се реализира ова - изјави Константин Хубрев, студент на Факултетот за медицински науки и дел од организацијата на Конгресот.

На Конгресот генерално ќе има теми од клиничката област на медицината, со акцент на хирургија, интерна медицина, ортопедија и дерматологија.

На гала-вечер на 18 мај ќе бидат доделени награди за најдобрата усна презентација и за постер презентација. Наградата е вредносен ваучер од 500 евра и публикација во списание.

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu