Студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип го организираат 3. Студентски конгрес на општа медицина - СКОМ 2024.

Конгресот насловен „Dum vita est, spes est!“ (Додека има живот, има надеж!) ќе се одржи  на 17 и 18 мај во просториите на Мултимедијалниот центар на УГД. Ваквиот настан ќе се одржи трет пат по ред, по оние во 2018 и 2019 година.

Целта на Конгресот е збогатување на знаењето на студентите по медицина и матичните лекари, како и подобрување на нивните практични вештини.

СКОМ е настан на кој со свои излагања ќе се прикажат бројни реномирани имиња на доктори и професори од државата, меѓу кои и д-р Владимир Чадиковски, д-р Виктор Камнар, д-р Александар Митевски и други познати имиња од докторската фела. Покрај професорите, можност за презентирање ќе имаат и студентите. Предвидено е ваквите пленарни предавања да се одвиваат наутро, додека во попладневните часови ќе има организирано практични работилници каде што студентите ќе имаат можност да ги подобрат своите вештини во различни области од медицината.

Во текот на овие два дена, добредојдени ќе бидат сите студенти од сите насоки на државните медицински факултети, како и сите млади лекари.

Истите ќе имаат можност да одберат дали настанот ќе го следат како пасивни или активни учесници со претставување на своја орална или постер презентација.

Особена чест ни претставува што оваа година успеавме да го организираме третиот по ред СКОМ. Со подготовки кои започнаа уште од летото минатата година, очекуваме овој настан да заземе голем одзив меѓу студентите и професорите и да прерасне во традиција која ќе продолжи да се одвива секоја година. До сега има пријавено околу 300 заинтересирани студенти, а очекуваме оваа бројка до мај да се зголеми уште повеќе. Целта на Конгресот е да се научи нешто ново што се користи во медицината и да слушнат предавања поразлични од класичните на кои сме навикнати“, велат од организациониот одбор на СКОМ.

Студентите ги повикуваат сите заинтересирани колеги и матични лекари да ја пополнат пријавата и да им се придружат на 17 и 18 мај за едно поразлично искуство.

           

 

 

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu