Условите во средината во којашто луѓето живеат, учат, работат и творат влијаат врз широк опсег на здравствени области, одредувајќи ги ризиците и здравствените исходи.

Овие услови се познати како социјални детерминанти на здравјето. Познато е дека сиромаштијата го ограничува пристапот до здрава храна, пристапот до квалитетна здравствена заштита и дека подоброто образование е добар предиктор на подобро здравје. Исто така, се знае дека разликите во здравјето се зголемуваат со промените на социјалните детерминанти, како што се нестабилното домување, ниските приходи, небезбедно сосeдство или супстандардно образование. Препознавањето на социјалните детерминанти во сите области на здравјето креира социјална и физичка средина која промовира добро здравје за сите, како една од основните цели во заедницата.

Затоа, целта на оваа Конференција е да се зборува за здравјето, во контекст на условите во заедницата, вклучувајќи ги социјалните детерминанти како основа за креирање на стратегии за надминување на проблемите и подобрување на здравјето во целост.

Се надеваме дека оваа провокативна тема ќе донесе многу информации за влијанието на социјалните детерминанти во секоја сфера на здравјето на населението, чија анализа ќе даде мал придонес во напорите за подобрување на севкупното здравје.

Пријавите за конференцијата може да се достават на е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Организатор:

Факултет за медицински науки

Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Република Македонија

ТЕМИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

Социјални детерминанти и здравје (физичко, ментално, емоционално, социјално, духовно)
Здравје и благосостојба на населението
Економски индикатори и здравје

Значајни датуми:
Доставување на пријава и апстракт: 17.9.2018 г.
Доставување на финален труд: 30.9.2018 г.
Информација за прифаќање на трудот: 5.10.2018 г.

Пријавите и трудовите се доставуваат на следната е-адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Форми на учество:
• Усна презентација – 10 минути.
• Постер презентација – постер со димензии 90 х 90. Постер сесијата ќе трае еден час.
• Пасивен слушател.

Објавување:
Трудовите се доставуваат на македонски или на англиски јазик, со апстракт на двата јазика. Фонтот е Arial, 11 ppt, single space. Апстрактот да содржи најмногу 250 збора и 3-5 клучни збора. Трудот да содржи најмногу 3 страници, со рабови од четирите страни по 3,54 см.
Прифтените и позитивно рецензираните трудови ќе бидат објавени во Зборник на трудови од конференцијата и истиот ќе биде доставен на конференцијата.

Работен јазик: македонски и англиски јазик.

Котизација нема да се наплаќа.

Конференцијата е поддржана од Универзитет „Гоце Делчев“ во рамки на Проектот „Влијанието на социјалните детерминанти на перинаталното здравје“.

Пријава за конференцијата

 

Технички секретар

Билјана Герасимова
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика