10 години по ред Катедрата за дентална медицина при Факултетот за медицински науки организира Научен симпозиум по дентална медицина кој собира експерти и научници од целиот свет. Оваа година симпозиумот беше 12. по ред, на тема „СОВРЕМЕНИ ПРИСТАПИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ПАЦИЕНТИ КОИ ПРИМААТ АНТИКОАГУЛАНТНИ, АНТИАГРЕГАНТНИ И АНТИХИПЕРТЕНЗИВНИ ЛЕКОВИ“.

Учествуваме во едукација на докторите стоматолози од целата држава и регионот. Има присутни професори од нашиот факултет, а имаме и предавачи гости од Србија. Секоја година имаме нови теми и секоја година сѐ помасовна е посетеноста на симпозиумите - изјави проф. д-р Киро Папакоча од Факултетот за медицински науки.

Проф. д-р Горан Јовановиќ од Медицинскиот факултет во Ниш истакна дека ваквите симпозиуми придонесуваат за квалитетна наука и развој на факултетите, а воедно се пример како треба да се одвива соработката меѓу две научни институции.

Драго ми е што сум предавач на овој симпозиум и што можам со колегите од Македонија да разменам искуства за проблематичните пациенти, а такви има сѐ повеќе. Гледам дека и вашите стоматолози се многу добро информирани со најновите референци за проблематичните пациенти - изјави проф. д-р Горан Јовановиќ

На настанот присуствуваа и експерти и научници од здравствените институции низ цела Македонија кои истакнаа дека Факултетот за медицински науки прави исклучителни напори науката и новостите да станат достапни до сите колеги.

Посебна голема чест е што се дискутираше на тема за кардиоваскуларни заболувања и дентална проблематика.  Ова е проблем, не само во Македонија, туку насекаде во светот. Колегите кои се гости на овој научен настан многу помогнаа и придонесоа - изјави доц. д-р Тања Анѓушева од Клиничка болница „Жан Митрев“.

Настанот се одржа минатиот викенд во Мултимедијалниот центар на УГД, а покрај научниците присутни беа и бројни компании кои ги претставија и своите најнови производи, со цел да ги запознаат лекарите за достигнувањата во овој сегмент.

 

Технички секретар

Билјана Герасимова Митевска
Тел: +389 32 550 400
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: Факултет за медицински науки - Клиничка болница Штип
Ул. Љубен Иванов бр. 25
2000 Штип

Секретар

Лилјана Мираковска
Тел: +389 32 550 432
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

 

Студентски прашања

Анка Јорданова
032/550-868
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Медицински сестри/техничари, Забен техничар - протетичар, Акушерки

Мери Манева
032/550-070
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Општа медицина

 

Студентски прашања

Стојанче Стојанов
032/550-078
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми:
Фармација, Дентална медицина

Васка Здравкова
032/550-408
е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 
референт за студиски програми
Физиотерапевт, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика