„Фармацевтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија“  - отворена регистрација за учество и повик за апстракти

Вториот симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата на Факултетот за медицински науки со наслов „Фармацевтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија“ ќе се одржи на 27 септември 2025 г. во Мултимедијалниот центар на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Котизацијата за учество на симпозиумот изнесува 3000 денари, а од истата се ослободени студентите од интегриран прв и втор циклус студии по фармација Начин на уплата.pdf. Симпозиумот ќе биде акредитиран од страна на Фармацевтската комора на РС Македонија и секој учесник на истиот ќе добие електронски сертификат за учество и соодветни бодови за континуирана едукација. 

Учесниците се регистрираат со пополнување на Формуларот за регистрација, достапен на следниов линк: https://forms.office.com/e/2DThy42m0k
По извршената регистрација, доказот за реализирана трансакција за котизација и подготвениот апстракт (активни учесници) треба да се достават на следнава електронска пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. Дополнително, при регистрација, потребно е да се назначи и соодветната област на апстрактот Области и важни датуми.pdf .  Учесниците може да изберат еден од двата начини на учество: активно или пасивно. Пасивното учество вклучува само присуство на предавањата предвидени со програмата на симпозиумот, додека активното учество вклучува и учество со апстракт и електронска постер-презентација.

Учесниците кои планираат активно учество на овој симпозиум, апстрактот треба да го подготват според образецот достапен на следниов линк: Образец за апстракт (.docx)

По извршената регистрација, подготвениот апстракт, заедно со доказот за реализирана трансакција за котизација, треба да се достават на следнава електронска пошта: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Сите доставени апстракти ќе бидат подложени на рецензија од страна на членовите на Научниот одбор, а по нивно прифаќање ќе бидат објавени во Книга на апстракти во издание на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Рок за поднесување на апстракти е 1 јули 2025 година.

Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме да нè контактирате на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu