Во периодот од 5 до 7 јуни 2026 година студентите по Фармација од Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, заедно со своите професори и асистенти, реализираа тридневни теренски активности со посебен осврт на собирање и детерминирање на лековити растенија, како и принципи на одговорно собирање на растенија за фармацевтски цели.

Преку низа обиколки во Преспанскиот регион, идните фармацевти ја истражуваа богатата локална флора и ја идентификуваа важноста на нејзината конзервација.

Голем дел од теренското истражување беше спроведено преку искачување на врвот Томорос, на планината Галичица каде што се вршеше опсежна опсервација и идентификација на ендемичните видови.  Дел од активностите беа изведени преку посета на  Националниот парк Пелистер, каде што се реализираше обиколка во околината на Ски-центарот Копанки, се идентификуваше карактеристичната флора и се дискутираа клучните разлики во вегетацијата меѓу трите посетени региони.

Покрај собирањето на растенија за студентите беше организирано и кратко стручно предавање за важноста од заштита на биодиверзитетот на Преспанскиот регион од страна на гостин соработник – дипл. биолог Иван Арсов, квиз на знаење од областа на фармакогнозија, како и креативна работилница каде што студентите практично го искористија батохромниот ефект на УВ зраците врз куркуминот за печатење на постери. 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu