Драги бруцоши,
Со големо задоволство ве покануваме на приемниот час на Факултетот за медицински науки!
По завршувањето на првиот академски час, на 1 октомври 2025 година (среда), во големите амфитеатри на Кампус 2 ќе се одржи приемен час за сите новозапишани студенти, според следниов распоред:
- 13.00 часот – Општа медицина;
- 14.00 часот – Дентална медицина, Фармација, Медицински сестри, Акушерки, Физиотерапевти, Забни техничари/протетичари, Медицински лаборанти, Оптометрија и очна оптика.
На приемниот час ќе добиете одговори на најважните прашања што ве интересираат:
- каде се наоѓаат зградите на факултетот;
- како е поставен концептот на студирање и оценување;
- како да ги користете електронските платформи на УГД.
Линк до распоредот за настава: https://fmn.ugd.edu.mk/images/2025/fmn-raspored-zimski-2025.pdf
Ве очекуваме со радост и нетрпение заеднички да го започнеме вашето академско патување!