Викендов се одржа Вториот меѓународен симпозиум од областа на фармацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Научници, практичари и студенти од целата земја се собраа за да ја истакнат улогата на фармацевтот како клучна алка меѓу традиционалната и иновативната терапија.

Симпозиумот е организиран од Одделот за фармација на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“. Настанот се совпаѓа со одбележувањето на Светскиот ден на фармацевтите, кој оваа година се одржува под мотото „Помисли здравје, помисли фармацевт“. Со силна порака за важноста на фармацевтите во здравствениот систем, Симпозиумот го отвори проф. д-р Катарина Смилков.

- Денес се собравме да ја проследиме програмата на Вториот симпозиум во организација на Одделот за фармација на Факултетот за медицински науки при УГД. Симпозиумот работи на тема „Фармацевтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија“ и има за цел да ги собере фармацевтите од државата, да помогне во нивната едукација, да се разменат искуства. Идејата е да го одбележиме и Светскиот ден на фармацевтите, кој се одбележуваше на 25 септември и оваа година е под мотото „Помисли здравје, помисли фармацевт“. Да ја истакнеме улогата на фармацевтот, како најзначаен и најдостапен здравствен работник - рече проф. д-р Катарина Смилков.

Познати професори од Балканот потенцираа дека главната причина за стрес е нездравата исхрана, како и социјалните медиуми. И тие во својот говор ја истакнаа важноста на фармацевтите.

На Симпозиумот присуствуваа студенти и професори од земјава и од странство.

 

Template Settings

Color

For each color, the params below will give default values
Blue Red Cyan Green Orange

Body

Background Color
Text Color

Background

Patterns for Layour Style: Boxed
Layout Style
Select menu